-->
-->
„Гугл“ пушти услуга за компонирање на песни
-->

Нова услуга на интернет гигантот „Гугл“ им овозможува на љубителите на музиката да го покажат креативниот потенцијал. „Сонг Мејкер“ е наменета за компонирање на музика и веќе е достапна во целиот свет, од било кој уред.
На прв поглед, музичката услуга изгледа едноставна и забавна, но „Гугл“ истакнува дека тоа е амбициозен проект со големи можности за компонирање на музика. Неколку алатки се достапни за корисниците, вклучително и синтисајзер, пијано, ударни инструменти и друго.
„Сонг Мејкер“, исто така, поддржува микрофон, со цел додавање глас кон музика. Творецот може да ја сподели композицијата за преслушување со пријателите, по што услугата создава линк кон неа.
„Сонг Мејкер“ е потполно бесплатна услуга и за работа со неа не е потребен профил. Досега, сепак, не е поддржана способноста за симнување на креираната музика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се работи на долгорочно решение за плажите
-

Акција за поголемо учество на жените во локалното одлучување
-

Рециклирам значи постојам
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
