Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го поздрави постигнатиот договор меѓу Израел и радикалната палестинска група Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на израелските заложници.
Гутереш рече дека организацијата е подготвена да обезбеди помош.
„Обединетите нации се подготвени да ја дадат својата целосна поддршка. Ние и нашите партнери сме подготвени да дејствуваме – веднаш“, рече Гутереш во ОН.
Тој повика на целосен и одржлив пристап за хуманитарните работници во Појасот Газа.
Во меѓувреме, Египет работи напорно за да им дозволи на булдожерите и градежната опрема да влезат во Појасот Газа за да ги расчистат оштетените патишта, со цел да се олесни испораката на хуманитарна помош.
Според „Ал Каиро њуз“, Каиро врши дипломатско влијание и притисок на терен за да добие одобрение за влез на тешка механизација преку граничниот премин Рафа со Газа. Акциите се дел од координирани чекори со Обединетите нации и меѓународните хуманитарни организации.
Војната во енклавата започна на 7 октомври 2023 година, со невиден прекуграничен напад од страна на Хамас на израелска територија, во кој, според израелските бројки, 1.219 лица беа убиени, а 251 заложник беше заробен на крајбрежната територија.
Според информациите од палестинските здравствени власти, повеќе од 67.000 Палестинци загинаа од почетокот на израелската офанзива во крајбрежната енклава. Овие бројки се сметаат за веродостојни од Обединетите нации и голем број меѓународни организации.
МИА
Ново на Сител
-

Обвинителките Ленче Ристовска и Анита Тополова-Исајловска поднесоа кандидатури за републички јавен обвинител
-

Две иницијативи стигнаа до Уставен за оспорување на проектот „Безбеден град’
-

Две монтажни гаражи со 500 нови паркинг места добива Клиничкиот центар – Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Блокирани сите гранични премини
-

Тензично стартуваше денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека
-

Превозниците ги блокираат граничните премини, бараат промена на правилата за влез во ЕУ
-

Проширувањето на ЕУ ќе биде високо на агендата на кипарското претседавање
