-->
-->
Гвардиола: Сити создаде повеќе шанси од Баер, но попусто
-->

Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола, го коментираше поразот од 2:0 од Баер Леверкузен синоќа на домашен терен во 5. коло од Лигата на шампионите.
– Не беше настап каков што очекувавме. Можеби треба да преземам дел од одговорноста. Но, сепак мислам дека играчите кои го започнаа натпреварот се одлични играчи. Но, ни недостасуваше нешто што е суштинско за играње на ова ниво – реализацијата. Имавме добри моменти. Би рекол дека создадовме повеќе шанси отколку што создадоа тие. Но, тие беа повеќе како полушанси. На крајот се покажа дека тоа не беше доволно, изјави Гвардиола.
Баер Леверкузен со осум бода и се искачи на 13. место на табелата во лигата. Манчестер Сити падна на шестото место со 10 бода.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кобен јули за истокот, пожари, па невреме
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
