-->
-->
Гвардиола „тргнува“ по нов играч
-->

Премиерлигашот Манчестер Сити планира до крајот на преодниот рок да ги засили своите редови. Засилување би требало да биде фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардилоа го посакува играчот на „кралскиот клуб“ во својот тим и веќе создава простор за нов играч. Ова од причина што веќе некои играчи се пред заминување во други екипи во Премиер лигата.
Неофицијално Џек Грилиш ќе биде позајмен во Евертон, а за Савињо има интерес од Тотенхем и можност тој да си замине како слободен играч.
Што се однесува до Бразилецот Родриго, Реал Мадрид е подготвен да го „ослободи“ од обврските со обештетување од 100 милиони евра.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Дислокација на „Усје“ не е проблем за Владата
-

ПАП и ехо не смее да се наплатува - Фондот за здравство и УЈП казни половина од контролираните матични гинеколози
-

Филипче тврди во 2026 не’ чека криза, Мицкоски вели граѓаните да се спокојни
-

Ако бадентерот влезе во Уставен, граѓаните да заборават на правна држава, а власта да го затвори судот
-

Четиригодишна стагнација на судскиот систем
-

УЈП бара над 10.000 граѓани кои работеле во странство да платат данок на доход, граѓаните револтирани, планират да ја напуштат државата
-

Од први февруари ќе се казнува ако возите над 57 км/ч
-

Нов Клинички на местото на ГОБ “8 Септември”?
