Свет
15. August 2025 - 18:51

Хакерски напад врз веб-страницата на српското МВР од IP-адреса од Холандија

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека е под хакерски напад нивната веб-страница од IP-адреса од Холандија.

Во соопштението се нагласува дека хакерскиот напад „се одвива континуирано од денеска, од 12:45 часот“.

„Безбедносните уреди на Министерството го блокираат сообраќајот од таа IP-адреса и засега страницата функционира без прекин“, се додава во соопштението. 

МИА