Халеп ја обжали четиригодишната суспензија од тенисот
Романската тенисерка Симона Халеп поднесе денеска тужба до Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана на четиригодишната суспензија што ѝ беше изречена поради допинг.
Поранешната најдобра светска тенисерка и двократна грен – слем шампионка беше суспендирана на 7 октомври лани, откако независна комисија утврди дека 32-годишната Романка „намерно ги прекршила антидопинг правилата“.
Обжалувајќи ја одлуката, Халеп наведе дека обвинувањата се лажни и оти ќе стори сè што е во нејзина моќ да ја „испере лагата од своето име“.
Највисокиот спортски суд со седиште во Лозана соопшти дека за случајот ќе одлучува судски совет по сослушување на сите страни, без да наведе временска рамка за одлуката.
Халеп на ланското издание на Ју Ес Опен беше позитивна на забранета супстанца која го стимулира создавањето крвни зрнца, а потоа во мај беше обвинета и поради неправилности во нејзиниот биолошки пасош.
Романката беше првопласирана на ВТА листата во 2017 и 2018 година, а досега во кариерата освои 24 титули и заработи повеќе од 40 милиони долари од награди на турнирите.
Ново на Сител
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
-

Прилеп го доби првото официјално Собирно место за селекција и одлагање на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
