-->
-->
Хамилтон: И да освојам титула нема да застанам тука
-->

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, нема да се пензионира во случај да ја освои осмата шампионска титула.
-Ако имам среќа да освојам уште една титула, а тоа е секако нашата цел, нема да застанам тука. Работев со два тима кои освоија светски првенства. Знам како изгледа и како се чувствува победничкиот тим. Сите во Ферари се такви. Овде има страст што нема да ја видите никаде на друго место. Ферари имаат се што им е потребно за да победат, изјави Хамилтон за „Gpblog“.
Седумкратниот светски шампион во Формула 1 му се приклучи на италијанскиот тим по сезоната 2024, заминувајќи од Мерцедес.
Минатата сезона, Британецот заврши на седмото место во генералниот пласман на возачи, со 223 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Додека светот стравува од инфлација, власта уверува – состојбата не е загрижувачка
-

Светски технолошки конгрес
-

Линеарното покачување на пензиите останува во сила
-

60 проценти од населението во Македонија се со зголемена телесна тежина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
