Харисон: Не жалам за размената на Дончиќ

Генералниот директор на НБА лигашот Далас, Нико Харисон изјави дека никогаш не зажалил поради одлуката да го испрати словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ во редовите на Лос Анџелес Лејкерс.
„Не жалам поради трансферот“, изјави Харисон за американските медиуми.
Дончиќ, кој беше лидер на Далас и миленик на публиката во февруари мораше „преку ноќ“ да се пресели во Лејкерс во замена за Ентони Дејвис во шокантен потег во средината на сезоната.
Јавните повици од навивачите Харисон да замине од челното место во раководството на Далас станаа сè погласни во Тексас во последните неколку недели, а тој сега уште повеќе ги налути со тоа што уште еднаш изјави дека размената на Дончиќ е „најдоброто нешто за Далас“.
„Дел од мојата работа е да ги носам најдобрите одлуки за Маверикс, не само сега туку и за иднината. Некои од моите одлуки нема да бидат популарни. Но, тоа е моја работа, морам да го прифатам тоа“, изјави Харисон за CBS News Texas.
Далас вечерва го очекува натпревар во Сакраменто во дополнителните квалификации за плејофот, а доколку загуби, сезоната ќе им биде завршена.
Ново на Сител
-

Осуденичка од САД преживеала егзекуција - не ја усмртиле ниту две дози смртоносна инјекција
-

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување на бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи
-

Од денеска до 5 октомври пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посета на Урсула фон дер Лајен
-

Скопјанец му се заканувал преку телефон на полицаецот кој предходно му пишал казна
-

Татко во кривопаланечко си го нападнал малолетнит син со остар предмет
