Loading Video...
Спорт плус
19. December 2021 - 15:19

Хенрик Кристоферсен победник на велеслалом во Вал Гардена

На машкиот велеслалом што се одржа во италијанскиот ски-центар Вал Гардена, триумф на Хенрик Кристоферсен.  
 
27-годишниот Норвежанец, до својата прва победа сезонава стигна со ослилниот настап во втората трка, па со вкупно време, 2:25,04 ги остави конкурентите зад себе.
 
Швајцарецот, Марко Одермат заостана 31.стотинка, додека трето пласираниот Мануел Филер од Австрија имаше 37.стотинки побавно вкупно време. 
 
Сепак, по три трки во оваа дисциплина, Одермат останува прв со 117 бодови повеќе од денешниот победник Кристоферсен. 
 
Воедно Швајцарецот, го презеде и лидерското место во севкупниот генерален пласман од Австриецот, Матиас Мајер кој денеска не настапи.