Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви, се води истрага

„Оскаровецот“ Јуџин – Џин Хекман почина вчера на 95-годишна возраст. Во изјава за тамошните медиуми, окружниот шериф на Градот Санта Фе, Ејдан Мендоза рече дека Хекман и неговата сопруга – пијанистката Бетси Аракава, биле пронајдени мртви вчера попладне, во нивниот дом во главниот град на американската сојузна држава Ново Мексико.
„Може да потврдиме дека и Џин Хекман и неговата сопруга беа пронајдени мртви во средата“, соопшти полицискиот оддел на Санта Фе.
Надлежните потврдија и дека постои активна истрага за двата смртни случаи. Причината за смртта сѐ уште не е позната.
Шерифот Мендоза изјави дека првично нема јасни знаци на насилство, објави „Гардијан“.
Хекман живееше во Санта Фе, Ново Мексико, САД од 1980-тите. Се ожени со Аракава (63) во 1991 година. Зад себе има 101 улога, два „Оскари“, две „БАФТА“ одличја, четири „Златни глобуси“ и една награда на американското Здружение на глумци (САГ).
Ново на Сител
-

39-годишен маж ги нападнал мајка си и сопругата
-

Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се намали бројот на повредени лица, наскоро информација и за казните
-

Хоџа: Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет, нула толеранција за загадувачите
-

Домашните миленици можат да имаат исто толку позитивно влијание врз менталното здравје како и брачниот партнер
-

Приведен 39-годишен кумановец на Табановце, во неговото возило се пронајдени стари монети
-

Следува стабилно, но студено време со температури до -10 степени
-

Магла на планинските превои Стража и Плетвар, патниот правец Бунец - Маврови Анови и во Крушево
-

Македонските ракометари денеска патуваат за Хрватска
