Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви, се води истрага

„Оскаровецот“ Јуџин – Џин Хекман почина вчера на 95-годишна возраст. Во изјава за тамошните медиуми, окружниот шериф на Градот Санта Фе, Ејдан Мендоза рече дека Хекман и неговата сопруга – пијанистката Бетси Аракава, биле пронајдени мртви вчера попладне, во нивниот дом во главниот град на американската сојузна држава Ново Мексико.
„Може да потврдиме дека и Џин Хекман и неговата сопруга беа пронајдени мртви во средата“, соопшти полицискиот оддел на Санта Фе.
Надлежните потврдија и дека постои активна истрага за двата смртни случаи. Причината за смртта сѐ уште не е позната.
Шерифот Мендоза изјави дека првично нема јасни знаци на насилство, објави „Гардијан“.
Хекман живееше во Санта Фе, Ново Мексико, САД од 1980-тите. Се ожени со Аракава (63) во 1991 година. Зад себе има 101 улога, два „Оскари“, две „БАФТА“ одличја, четири „Златни глобуси“ и една награда на американското Здружение на глумци (САГ).
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Вредноста на нашите мировници никогаш не била повидлива
-

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат
-

Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта
-

Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез
-

Рубио повика на воздржаност поради ескалацијата на насилството во Јемен
-

Хрватска од 1 јануари ја презема контролата и заштитата на сопствениот воздушен простор
-

Пет лица се повредени во руски напад врз Киев
-

Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја
