Македонија
12. September 2025 - 12:28
Хотелите ги отвораат вратите за пензионерите
Хотелско - угостителскиот сектор соочен со недостиг на квалификувана работна сила, сè почесто ги отвoра вратите за пензионерите. Од една страна работодавачите имаат потреба од кадар, а од друга на пензионерите не им е доволна пензијата. Многу често оние кои се чувствуваат работоспособни и сакаат да и помогнат финансиски на фамилијата остануваат да работат во оваа дејност.
Недостигот од стручен кадар се чуствува не само кај нас туку и во земјите од нашето опкружување .
Вработувањето на работоспособни пензионери кои сакаат да работат и после пензијата е од голема полза за туристичкиот сектор велат од ХОТАМ. Голем дел од нив имаат искуство за работа во угостителство кои можат да го пренесат и на помладите.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->