Loading Video...
Ракомет
26. December 2020 - 19:47
ХП: Лазаров најдобар десен бек во последната деценија
Големо признание за најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров кој влезе во историјата на овој спорт како најдобар десен бек во светот во последните десет години според анкетата на реномираниот сајт Хендбол планет.
Во извонредно голема конкуренција капитенот на македонската репрезентација и прва ѕвезда на францускиот Нант доби дури 67 проценти од гласовите во конкуренција на Ласло Наѓ и Алекс Душебаев.
Лазаров доби поддршка од 6400 гласа додека Унгарецот имаше нешто повеќе од 2000. Исто така нашиот интернационалец доби и најмногу гласови од жирито –вкупно 34.
Во тимот на декадата се најде о левото крило на Вардар кој е прогласен за најдобар играч на оваа позиција а признанието за најдобар голман му припадна на поранешниот вардарец Арпад Штербик.
Прв плејмејкер во последните 10 години е Домагој Дувњак, Микел Хансен е најдобар лев бек додека на деснокрилната позиција доминира Французинот Абало. Пивот на декатата е Бјарте Мирхол додека дефанзивец број еден е Виран Морос од ПСЖ.
Најдобар ракометар во овој период од 10 години е Французинот Никола Карабатиќ.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->