Ракомет
21. January 2019 - 13:19

Хрватска прими 8 гола со празен гол и загуби од Бразил

Иако имаше одлична позиција пред стартот на втората фаза на СП во ракомет, сепак Хрватска направи кикс кога беше најмалку потребно и загуби од Бразил со 29-26 со што сега ќе мора да ги победи Германија и Франција за да игра полуфинале.
Особено лошо „каубоите“ одиграа во нападот седум на шест па Бразилците постигнаа дури 8 погодоци на празен гол. Нивната предност во еден момент изнасуваше и 6 погодоци. Хрватска во финишот се доближи на еден гол но немаше сили да го избегне поразот и противникот се радуваше на триумфот од 29-26.