Хрватските војници евакуирани од Ирак по ескалацијата на конфликтот

Сите седум хрватски војници ангажирани во мисија во Ирак се евакуирани и се на пат кон Хрватска, соопшти кабинетот на претседателот Зоран Милановиќ.
Одлуката за повлекување на припадниците на вооружените сили од Ирак и Либан била донесена веднаш по почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, кој се прошири и во овие земји.
„Повлекувањето е спроведено согласно одлуката на претседателот и врховен командант“, се наведува во соопштението.
Во него се додава дека хрватскиот војник кој бил распореден во Либан бил безбедно евакуиран уште пред една недела.
Ескалацијата на тензиите започна на 28 февруари со масовни американско-израелски напади врз Иран, при што досега загинаа околу 1.300 луѓе, меѓу нив и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.
Техеран возврати со напади со дронови и ракети врз Израел, како и врз земји од Заливот кои се домаќини на американски воени капацитети.
МИА
Ново на Сител
-

Бубрежна хронична болест, гојазност и дијабет – коморбидитети кај починатите од западно-нилска треска
-

Камионџиите повторно на протест - 30 отсто од капацитетите веќе не сообраќаат редовно
-

Климатските промени сериозна закана за производството на храна и аграрот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
