„Хуавеј“ работи на новиот паметен телефон со троен преклоп
Кинеската технолошка компанија „Хуавеј“ (Huawei) го подготвува новиот паметен телефон со троен преклоп за пазарот. Најновите информации најавуваат можен почеток на продажбата во септември.
Телефонот веќе беше забележан во рацете на директорот на одделот за потрошувачи на „Хуавеј“ – Ричард Ју, па токму овој претставник на кинескиот бренд потврди дека уредот ќе се најде на пазарот следниот месец. Ју го соопшти тоа на свеченост на претставување на електричниот автомобил „Стелато С-9“ (Stelato S-9), којшто го користи оперативниот систем на „Хуавеј“ – „Хармони-ОС“ (HarmonyOS).
Токму во оваа пригода, купувач го прашал за паметниот телефон и кога ќе може да се купи, па следел кус одговор – „следниот месец“.
Телефонот со троен преклоп би требало да има огромен екран од 25 сантиметри, а дали ќе стане дел од серијата „Мејт“ (Mate) и „Мејт Икс“ линијата, останува да се види следниве недели.
Ново на Сител
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат