Македонија
17. December 2016 - 16:34

Хулигани на СДСМ повторно нападнаа постар човек

Синоќа во Тафталиџе бил  претепан 47 годишен скопјанец . Како што пишува Курир човекот кој се враќал дома од собирот пред ДИК кога се одвоил од пријателите во близина на училиштето кај Катастарот бил нападнат од неколку лица.

Еден од групата кој имал фантомка почнал да го удира со палка.  Со повреди на главата и рацете бил примен во ГОБ „8-ми септември“.

Инцидентот бил пријавен во полиција, а за настанот известен е и јавен обвинител. Од МВР информираа дека работат на пронаоѓање на напаѓачите. Случајот преку соопштение го осудија од ВМРО ДПМНЕ.

-Го повикуваме  министерството за внатрешни работи итно да ги открие сторителите и нарачателите на ваквото физичко насилство, и да ги изнесе пред лицето на правдата. Непостапувањето, или ненавременото постапување од страна на државните институции, ќе создаде атмосфера, овие криминални дејствија на поединци, да ги решава улицата и самите граѓани, се вели во соопштението од партијата.

Уште неколку дена во болница ќе остане истакнатиот македонски алпинист Јован Попоски кој во средата беше претепан во Капиштец. Со три скршени ребра, повреди на окото и раката хоспитализиран е на Торакална хирургија. Според  полицискиот извештај додека 68 годишниот скопјанец седел во кафеана и разговарарал со пријатели за состојбата во Македонија, од соседната маса  на која имало три лица, еден му дофрлил:  Tи да не си Вмровец? На што тој одговорил : Не сум ВМРОВЕЦ и не сум предавник.

За инцидентот на својот Фејсбук профил детали за случајот од очевидец,  објави и познатиот светски научник, академик Горазд Росоклија.

-Јове седел во Гурман и разговарал за кризата во Македонија со газдата на Гурман и со еден другар. На соседната маса седеле двајца кои му се заканиле затоа што за кризата го обвинува СДСМ. Јове тргнал дома, од Гурман кон Буњаковец преку Капиштец. Во темниот простор кај Капиштец го стигнале и го пребиле, како што вика не мислејќи дали ќе го убијат.

Јован Попоски - Јове ги водел сите македонски алпинистички експедиции на сите врвови на светот вклучувајки и ја и експедицијата на Монт  Еверест кога  загина Димитар Илиевски ,,Мурато".