И денеска испразнети 14 училишта поради дојави за бомби
Лажните дојави целосно го пореметија образовниот систем во земјава. И денеска беа евакуирани ученици од 14 основни и средни училишта каде пристигнаа закани за поставени бомби.
Учениците повторно беа евакуирани, се вршеа проверки и се изгубија часови од наставата по којзнае кој пат. Научната фела предупредува, образовниот процес е доведен во прашање. Младите ја губат довербата во системот а тоа ќе остави кај нив трајни последици. Решението не го гледаат во онлајн наставата.
Во овој период најпогодени се матурантите, бараат од институциите итно да обезбедат услови за непречено одвивање на наставата.
Менталното здравје е сериозно доведено во прашање кај младите, експертите апелираат државата час поскоро да воспостави систем за превенција од насилство и безбедносните ризици кои се најактуелни во моментот.
Инситутциите треба го засилат физичкото обезбедување во училиштата, да се изготви национална стратегија, а овие хибридни напади да не се користат за политички цели.
Професорите и ректорот од УКИМ спроведоа научно истражувачки проект за безбедноста во училиштата. Преку трибини ќе бидат едуцирани ученици од основни и средни училишта.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
