Македонија
9. August 2025 - 16:58

И годинава атракција пловењето по Охридското Езеро

Катамараните , традиционалните чамци  и бродовите и годинава атракција на Охридското езеро. Гостите кои го посетуваат Охрид уживаат да пловат разгледувајќи ги крајбрежните културно историски споменици и плажите распослани на брегот од една друга страна.

Туристите кои моментално одмараат во главниот туристички центар воодушевени од градот  ,езерото и гостопримството.

Најголем интерес за пловење во екот на сезоната има од домашните посетители кои одмараат  со својата фамилија и пријателите  тука се и  холандските и англиските туристи,  но езерските тури се привлечни и за другите гости.