И граѓаните на БиХ ќе ги бојкотираат продавниците
Граѓаните на Босна и Херцеговина преку социјалните мрежи се повикуваат на 31 јануари да ги бојкотираат продавниците, бензинските пумпи, кафулињата и рестораните, како израз на незадоволство од високите цени и нискиот животен стандард.
Апелот уследи по успешната граѓанска акција во Хрватска.
Иницијаторите на акцијата апелираат граѓаните на 31 јануари ништо да не купуваат и да не ги посетуваат рестораните.
На социјалните мрежи граѓаните на БиХ тврдат дека цените на храната во земјата се многу повисоки од во западните држави, а трошоците за домување се неподносливи.
Иницијаторите на бојкотот посочуваат дека целта на акцијата е да се изврши притисок врз властите и работодавците да преземат конкретни мерки за намалување на инфлацијата, зголемување на минималната плата и подобрување на севкупниот животен стандард на граѓаните.
Ново на Сител
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар