ИДФ: Убиен водачот на Муџахединските бригади во Газа
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет го убија водачот на милитантната група Муџахедински бригади во Појасот Газа, за време на операции во тој регион минатата недела, соопшти денеска ИДФ.
Во соопштението се наведува дека Мусбах Салим Мусбах Дајах, кој бил убиен во Нусеират, бил вмешан во регрутирање членови на Западниот Брег и во терористички напади на таа територија и во Израел, како и во напади врз силите на ИДФ во Газа, пренесе Тајмс оф Израел.
Ова е четврти пат ИДФ да елиминира водач на Муџахединските бригади во последните неколку месеци, откако и претходниците на Дајах биле убиени.
ИДФ објави снимка од нападот, наведувајќи дека припадниците на Муџахединските бригади зеле „значајно учество“ во терористичкиот напад предводен од Хамас на 7 октомври 2023 година во јужниот дел на Израел, и оти активно учествувале во убиствата и киднапирањата дури и без претходно знаење за плановите на палестинската милитантна група Хамас за нападот.
МИА
Ново на Сител
-
Повеќе од 425 лица уапсени на протест во Лондон во поддршка на забранета пропалестинска група
-
Пожарот кој избувна кај селото Косово Дабје близу планината Голак ставен под контрола
-
Земјотрес почувствуван во Кичево, Охрид и околината
-
Пожарот во Макпрогрес ставен под контрола, неколку пожарникари повредени при гасењето
-
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево - Охрид
-
Студентски протест најавен за утре во Белград - „Индексот е посилен од пендрекот“
-
Целосно затемнување на Месечината, ќе може да се гледа и од плоштад „Македонија“