Игор Јакимовски по рекорден 30-ти пат на Водици ќе скока по Крстот во Вардар, прв пат скокнал во 1994 како средношколец и дал завет дека ќе скока се додека може
Во пресрет на големиот христијански празник, Богојавление, Водици во тек се последните подготовки. Секоја година најпрвин во православните храмови а потоа и во реките, езерата и базените се врши осветување на водите и традиционалното фрлање на крстот.
Чинот на водоосветување и фрлање на крстот собира илјадници луѓе во сите населени места ширум Македонија. Околу тоа од кога датира традицијата со фрлање на Крстот постојат различни податоци и верувања а она што е познато е дека ваквиот обред во Македонија е обновен во 1990-тата година. Тогашниот поглавар на МПЦ, Г. Гаврил, го фрлил Крстот во реката Вардар. Оттогаш до денес ваквата традиција е непрекината.
Синоним за фрлање по Крстот во Македонија е Игор Јакимовски, кој е апсолутен рекорден и од 1994 година непрекинато на празникот водици се фрла во реката Вардар.
Во разговор со него ни раскажа за тоа како во 1994 година како средношколец за прв пат скокна по светиот Крст. За заветот кој го даде дека ќе скока секоја година се дур телото му дозволува.
Оваа година ќе биде негово јубилејно триесетто влегување во Вардар а ги охрабрува сите кои имаат желба истото да го сторат да не се двоумат.
До сега Игор Јакимовски еднаш успеа да го фати Крстот и тоа во 2022. Моментот кога во неговите раце го држал Крстот го чувствува како награда и благослов од Господ.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
-

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
-

Во општина Могила пронајдени неексплодирани гранати
