ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи

Заклучно до 8 август, во земјава се регистрирани 58 случаи на западно-нилска треска, од кои 54 се потврдени, а четири се водат како веројатни. Починати досега се осум лица, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.
Во текот на изминатата недела (02-08.09.2026), пријавени се да нови случаја, од Скопје и Свети Николе. Регистрирани се и два нови смртни исходи, од Скопје.
Сите починати се од Скопје и се мажи. Просечната возраст на починатите е 71,9 години, сите биле хоспитализирани, а седум имале коморбидитети.
И од вкупно заболените 58 лица, повеќето се мажи 46, а 12 се жени.
Според место на живеење на заболените, 55 случаи се од Скопје, а по еден случај е од Велес, Куманово и Свети Николе.
Регистрирани се 57 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.
Во однос на возрасната дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 47 (81,0%), седум се на возраст од 50-59, едно лице од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години. Просечната возраст изнесува 66,1 години.
Почетокот на симптомите кај најголем дел од заболените – 38 или 65,5% е регистиран во месец август. Кај 17 случаи почетокот на симптомите е во месец јули, два во месец јуни, а кај еден случај во месец мај.
Сите заболени со невроинвазивна болест (56) биле хоспитализирани, 55 во УК за инфективни болести и фебрилни состојби и еден во Аџибадем Систина.
Испишани се 43 или 76,8% од хоспитализираните потврдени случаи;
Сè уште на лекување во болница се пет лица.
Западно-нилската треска за прв пат во Македонија е регистрирана во 2011 година. Во периодот од 2011 година до крајот на 2025 година, регистрирани се вкупно 54 лабораториски потврдени случаи. За истиот период, регистрирани се пет смртни случаи асоцирани со оваа болест.
Во 2026 година е регистрирано значително зголемување во однос на претходните години, и на заболени и на починати.
МИА
Ново на Сител
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
