ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и адолесценти, услугите ќе бидат достапни преку системот „Мој термин“

Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.
Како што истакна Андоновска, отворањето на советувалиштето е дел од пошироките активности за унапредување на здравствените услуги и враќање на довербата на граѓаните во институциите.
- Денеска имавме чест заедно со гостите за првпат да го отвориме психолошкото советувалиште за деца и адолесценти, кое е единствено од ваков карактер во државата. Има за цел стручни лица да работат со деца, со тинејџери, родители и со наставници за надминување на емоционалните, семејните и училишните предизвици. Ќе се водат разговори, ќе се даваат насоки, и тоа не само за надминување на проблемите туку и за понатамошен емоционален развој, за комуникациски вештини и надминување на сите оние бариери со кои се сретнуваат децата или проблемите во текот на животот во предучилишна возраст, во училишна возраст и малку кај постарите - истакна Андоновска.
Услугите, додаде, ќе бидат достапни преку упатување од матичен лекар и системот „Мој термин“, со што граѓаните ќе добијат пристап до психолошка поддршка во рамки на јавното здравство.
- На овој начин ќе има можност преку „Мој термин“, преку нивните матични лекари, да можат во секое време да дојдат и да ги искористат услугите, а сето тоа ќе оди во насока на надминување на сите оние бариери и предизвици со кои се соочуваат и децата, и тинејџерите во општеството - вели Андоновска.
Покрај отворањето на советувалиштето, во Институтот беше презентирана и нова медицинска и лабораториска опрема, како и апаратура која претходно не била ставена во функција. Според директорката, во изминатиот период биле создадени просторни и технички услови за активирање на дел од скапата опрема што со години не била користена, а биле набавени и нови уреди согласно потребите на одделенијата.
Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, роди
Андоновска информира дека е пуштена во употреба и станица донирана од Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), која во реално време обезбедува податоци за радиоактивноста во воздухот, како и нова компјутерска опрема за потребите на Институтот.
Таа нагласи дека е проширена и листата на лабораториски услуги, со воведување анализи кои досега биле ограничено достапни во јавното здравство.
- Институтот ги презема и овие дијагностики за да ги врши сите, со цел да им овозможиме на луѓето кои немаат доволно средства да го прават тоа во приватните лаборатории, да можат да го прават и во државното здравство - рече Андоновска.
МИА
Ново на Сител
-

Топло и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер
-

РК Вардар по четири години се враќа во Лигата на шампиони
-

Мбапе за неговиот 100. настап за Франција: Ништо не е поважно од националниот тим
-

Мицкоски: Очекувам бензините да поевтинат за 2,5 до 3 денари, а дизелот за 7
-

Мицкоски: Цените на основните прехранбени производи треба да се намалат, оправдување и изговори не прифаќам, во спротивно ќе преземеме мерки
-

Во Иран измерени речиси 50 степени, минус 70 степени на Антарктикот
-

Стармер соопшти дека поднесува оставка од функцијата премиер и лидер на Лабуристичката партија
-

Лекарите преку обуки се вклучуваат во борбата против корупцијата во здравството
