Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести

Француските здравствени власти објавија дека повеќе од 40.000 неисправни кондоми се продадени преку интернет во последните месеци и ги повикаа сите што ги користеле производите да се тестираат за сексуално преносливи инфекции, пишува Политико.
Француската агенција за заштита на потрошувачите (DGCCRF) и Генералниот директорат за здравство (DGS) предупредија дека ваквите производи би можеле да претставуваат сериозен ризик за здравјето и безбедноста на корисниците. Овие ризици вклучуваат несакана бременост и сексуално преносливи болести. Властите им наредија на платформите што ги продаваат спорните производи веднаш да ги отстранат рекламите.
Истражителите откриле околу 30 видови кондоми кои немале задолжителна ознака за безбедност CE од ЕУ. Овие производи, исто така, не ги поминале независните проверки за квалитет. Повеќето биле продавани од азиски добавувачи преку големи онлајн продавници.
Проблемот не е ограничен само на онлајн продажбата. Неисправни кондоми се пронајдени и во продавници и аптеки.
Проблемот со нив е што некои имаат ризик од пукање, а други од перфорација. Како резултат на тоа, околу 260.000 парчиња се повлечени од пазарот.
Француското предупредување следува по поширока европска операција. Во јули, канцеларијата на ЕУ за борба против измами откри повеќе од 200.000 фалсификувани кондоми. Овие производи биле продавани под логото на познат бренд и доаѓале од истиот добавувач во Кина. Тие биле запленети во Шпанија, Романија и Србија.
МИА
Ново на Сител
-

Вработени во ССМ обвинуваат за мобинг и незаконски отказ
-

ПЕТ-скенот повторно во функција, ќе се снимаат по десет пациенти дневно
-

Како да се користи веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден Град“ за странските државјани?
-

43 заразени со западнонилска треска, вирусот првпат потврден во Центар и Чаир и кај мртов гарван во Скопје
-

Мицкоски: Абази го спаси Филипче, но предметот може повторно да биде отворен
-

Казните од Безбеден град странските државјани може да ги плаќаат електронски
-

Охридско лето – 40 дена фестивалска магија
-

Хаварисаните и нерегистрирани возила во Штип под инспекциска лупа
