Илон Маск може да добие трилион долари во акции од „Тесла“

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, би можел да добие акции во вредност од еден трилион долари доколку во следните 10 години ги исполни амбициозните цели на компанијата, соопшти Управниот одбор.
Меѓу целите се осмократен раст на вредноста на компанијата, продажба на еден милион роботи со вештачка интелигенција и 12 милиони возила. Наградата нема да биде исплатена во готово или бонуси, туку во акции, чија вредност би достигнала трилион долари.
Претседателката на Управниот одбор, Робин Денхолм, изјави дека овие цели, иако изгледаат невозможни, можат да се остварат со иновации и технологија.
– Задржувањето и мотивирањето на Илон е клучно за ‘Тесла’ да стане највредната компанија во историјата, рече таа, нагласувајќи го визионерскиот лидерски капацитет на Маск, кој е најбогатиот човек во светот.
Ова следува откако минатиот месец Маск доби акции во вредност од 29 милијарди долари, по судска одлука во САД со која беше поништена одлуката за доделување акции од 50 милијарди долари, бидејќи судот сметаше дека таквата награда е неправедна за акционерите, пренесува Би-Би-Си.
МИА
Ново на Сител
-

Две четиричасовни блокади на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони
-

Повеќе скопски општини без струја и вода поради плански зафати
-

Во Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени
-

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала
-

Потпишување договор за заем за обнова на возен парк на ЖРСМ Транспорт
-

Грушко: Русија гледа британско влијание во „најновите провокации“ на Украина
-

Трамп го предупредува Иран за можен напад
-

Зеленски: Не можеме само да се повлечеме од нашите територии
