Индустриското производство намалено за 0,3 проценти во првите пет месеци од годинава

Индустриското производство во мај годинава е намалено за 2 процента во однос на мај минатата година, а за 0,3 проценти во периодот јануари – мај годинава споредено со истиот период лани.
Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во мај годинава во однос на мај лани бележи пораст од 6,1 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст, а опаѓање во Рударство и вадење камен од 3.6 проценти и од 2,6 проценти Преработувачка индустрија.
Најголемо влијание врз падот на индустриското производство во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, има намалувањето на производството во одделите: Производство на електрична опрема со 7.8 проценти, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 12.9 проценти и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 2.3 проценти.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите:
- Производство на прехранбени производи,
- Производство на пијалаци,
- Производство на тутунски производи,
- Производство на текстил,
- Производство на облека,
- Производство на хемикалии и хемиски производи,
- Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
- Производство на метали,
- Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
- Производство на електрична опрема,
- Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и
- Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, бележи пораст кај Енергија за 6.5 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4 проценти, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 3.3 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.1 процент и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.4 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Нема повеќе вадење лаптопи, таблети, мобилни и течности од рачниот багаж на скопскиот аеродром
-

Самарџиски во стручниот штаб на младинската кошаркарска репрезентација
-

Од денеска почнува исплатата на К-15: Mинималниот износ 19.116 денари
-

УХМР најавува невреме утре и во петок, од сабота стабилизација на времето
-

Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена
-

Сотир Лукровски: Само оние кои не ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал, се враќам со нова енергија
-

Иран контра Трамп: Нема средба со американските претставници во Доха, туку само со катарски
-

СП 2026: Мексико осминафиналист
