Инфлација од 4.5 проценти во октомври

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври во однос на истиот месец лани бележи раст од 4,5 %, а цените на мало пораснале за 2,8 %, објави Државниот завод за статистика.
Пресметките покажуваат дека најмногу поскапела храната, и тоа за 7,5%. Алкохолот и цигарите поскапеле за 6,7% а мебелот и покуќнината за една година се поскапи за 4,7%.
Податоците за месечната инфлација покажуваат дека инфлацијата е намалена за 0,2% во однос на инфлацијата во септември, а цените на мало се зголемиле за 1,3%.
Од опозицијата велат дека овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат.
“Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите.“ – се вели во соопштението на опозицијата
Ново на Сител
-

Успение на Пресвета Богородица: Зошто го барате во гробот, она што беше пренесено на небото
-

Трамп: Путин нема да нападне територија на НАТО
-

Премиерот Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Берово
-

Сончево и топло, попладне услови за изолиpанa нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветeр
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
