„Инфлуенсерката“ убиена во видео во живо, била застрелана од платен убиец

Мексиканската „инфлуенсерка“ која беше убиена во пренос во живо на „Тикток“ во мексиканската сојузна држава Халиско, се чини, била застрелана од платени убијци. Таа изразила и страв во истото видео, неколку минути пред да биде убиена, објавија обвинителите синоќа.
Грозоморното убиство на 23-годишната Валерија Маркез во вторникот беше шок за оваа латиноамериканската нација. Денис Родригез, портпарол на Државното обвинителство на Халиско, даде нови подробности за убиството, нагласувајќи дека сè уште се истражува смртта на моделот.
Според гласноговорникот, во вторникот попладне, неколку часа пред пукањето, во салонот за убавина на периферијата на Гвадалахара, каде што жртвата требало да биде, пристигнал маскиран маж кој се претставил како доставувач, придружуван од друг маж на мотор. Според една жена од салонот, осомничените рекле дека имаат „многу скап подарок“ за Маркез и мораат лично да ѝ го дадат.
Кога таа пристигнала и ѝ кажале дека луѓе ја бараат, таа изразила страв во видеото во живо.
-Можеби ќе ме убијат... Дали ќе дојдат да ме одведат, или што? Загрижена сум!, вели таа пред да биде убиена.
Кога убијците се вратија, на Маркез ѝ дадоа плишано животно и кафе „Старбакс“, па ја застрелаа во главата и градите додека одеше преносот во живо. Оттогаш, „Тикток“ го отстрани нејзиниот профил.
Сè уште не е јасно кој стои зад убиството, но се знае дека таа област е под владение на еден од најмоќните картели во Мексико - „Нова генерација на Халиско“ во истата област на Гвадалахара.
И според Родригез, убиствата со мотоциклисти со пиштоли, познати како „сикариос“, се веќе вообичаена појава тука. Властите, исто така, истражуваат дали ова убиство е поврзано со она на поранешен конгресмен само неколку часа претходно - исто така извршено од двајца мажи на мотор.
И мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум рече дека властите работат со истражителите за да се пронајде убиецот и изрази сочувство до семејството на Маркез.
Ново на Сител
-

Отстранет двоглавиот орел од Кораб, на местото повторно се вее македонското знаме | ФОТО
-

Во руски воздушни напади врз Киев и околината загина дете, петмина ранети
-

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна лотарија“
-

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - најголема еко-акција досега
-

Македонија увезува лубеници иако ги има и за извоз, речиси 9 од 10 килограми доаѓаат од Албанија
-

Трамп со шефовите на најголемите технолошки компании потпиша документ за вештачката интелигенција
-

Денеска се празнуваат Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
-

Сончево и топло со температури до 26 степени
