Македонија
28. јуни 2020 - 16:35
Инспекторите во контрола на легалните плажи, од понеделник ќе се урива до Градиште, и од Канео до Далјан
Плажите долж Охридското езеро под лупа на Државниот пазарен инспекторат и УЈП. Поранешните концесионери на плажите кои биле затекнати дека работат и покрај истечените договори добиле опомени од инспекторите и рок до 15 дена да ги затворат и да ги отстранат дивоградбите долж езерото. Станува збор за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план.
Од пазарниот инспекторат велат дека не наишле на отпор од страна на закупците на плажите чии договори се истечени години наназад.
Инаку денививе се отстрануваа потпорните ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници долж езерото на потегот од Горица 3 до Свети Стефан а во понеделник акцијата ќе продолжи до „Градиште“, како и од „Канео“ до „Далјан“.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
