Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови

Речиси 270 лица осомничени за трговија со недозволени медицински средства се уапсени, а 66 криминални групи се разбиени во полициска операција спроведена во 90 земји, соопшти денеска Интерпол.
Организацијата изрази особена загриженост поради злоупотребата на антипаразитски производи, односно нивната употреба надвор од пропишаниот или законски медицински контекст. Операцијата „Пангеа XVIII“ (Pangea XVIII), спроведена во март на сите континенти, резултираше со заплена на повеќе од шест милиони нелегални лекови во вредност од 15,5 милиони долари, се наведува во соопштението на меѓународната полициска организација со седиште во Лион.
Меѓу запленетите нелиценцирани или фалсификувани лекови имало препарати за еректилна дисфункција, седативи, лекови против болки, антибиотици и средства за одвикнување од пушење.
– Благодарение на онлајн пазарите и неформалните синџири на снабдување, криминалците можат да ги искористат регулаторните празнини, а целна група им се луѓето што бараат брзи или поевтини начини на лекување – изјави генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, предупредувајќи на сериозни, па дури и фатални последици.
Организацијата забележала нагло зголемување на заплените на антипаразитски лекови, особено препарати против црви одобрени исклучиво за ветеринарна употреба. Овие производи, кои често се претставуваат како додатоци во исхраната, се продаваат како „алтернативни третмани за лекување рак“, но таквите тврдења не се поткрепени со никакви научни докази.
Употребата на вакви производи беше забележана уште за време на пандемијата на Ковид-19, соопшти Интерпол.
Побарувачката за фармацевтски производи поврзани со различни „перформанси“ и „животен стил“, како што се стероиди и пептиди, и натаму расте, „поттикната од популарноста на бодибилдингот и фитнесот“, додава организацијата.
Еден од позначајните случаи во рамки на операцијата било откривањето таен погон за производство на лекови во Бугарија, каде што биле запленети милиони таблети, ампули и инјекциски препарати.
Во Буркина Фасо властите заплениле 384.000 антибиотски капсули, додека во Брегот на Слоновата Коска во едно возило биле откриени еден тон фалсификувани таблети ибупрофен.
МИА
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
