Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад
Стотина полицајци се распоредени од ноќеска пред Собранието на Нови Сад каде утрово имаше тензии кога полицијата почна да ги турка граѓаните собрани во блокадата. Еден студент е повреден, а друг беше приведен.
Полицијата интервенираше за вработените да влезат во зградата.
Околу 6 часот утрово, полицијата ги оттурна собраните демонстранти пред Собранието на Нови Сад, за да можат претставниците на локалнитевласти да влезат внатре. Како што објави ТВ Нова, еден студент е повреден, а еден е приведен. Повредениот студент беше однесен со амбулантно возило.
Ситуацијата во моментот (околу 7 часот) е мирна, а пред зградата има полициски кордон.
Собири на градот Нови Сад синоќа гласаа за време на блокада за блокирање наработата на Градското собрание. Тие бараа за денеска да присуствуваат на седницата , но не им бешпе дозволено. Неколку трактори го блокираа влезот пред зградата на Градското собрание на Нови Сад.
Студентите во блокада доцна синоќа ги повикаа граѓаните да дојдат пред Собранието на Нови Сад во голем број и да ја поддржат блокадата на зградата на градскиот парламент. Седницата е закажана за денеска во 10 часот наутро. Студентите потсетуваат дека доколку закажаната седница не се одржи денеска, во градот ќе биде воведена принудна администрација, што значи дека локалните избори ќе мора да се одржат во следните два месеца.
„Значи, ако успееме да ги спречиме да влезат во собранието… ќе имаме избори за локалните заедници. Ние, граѓаните на Нови Сад, се прашуваме“, објавија тие на социјални мрежи пред блокадата.
Студентите од неколку факултети во Нови Сад, исто така, повикаа на блокада.
Ново на Сител
-
Анушиќ: Хрватска сака да стане европски лидер во производство на мали дронови
-
Израелското државно радио известува за „дожд од ракети“ од Иран
-
Трамп не го напуштил самитот на Г7 поради конфликтот меѓу Израел и Иран, го обвинува Макрон за лажно претставување на работите
-
Алмеида нoв тренер на Севиља
-
Босна се откажа од настап во АБА лигата
-
ЕК ѝ изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции
-
Вучиќ објави дека СНС нема да одржи митинг во Белград на 28 јуни
-
Во првиот квартал за 4,8 проценти намален прометот од продажба на услуги, зголемување во одделот Туристички агенции и туроператори