-->
-->
Инзаги ќе го напушти Ал-Хилал
-->

Тренерот на Ал-Хилал, Симоне Инзаги, ќе го напушти тимот по последниот натпревар од сезоната 2025/26 на Премиер лигата на Саудиска Арабија, објави „TuttoMercatoWeb“.
Заминувањето на 50-годишниот Италијанец делумно се должи на промената на сопственоста на клубот и критиките за неколку скапи летни засилувања кои не ги исполнија очекувањата.
Инзаги е во Ал-Хилал од јуни 2025 година. Во 51 натпревар под негово водство, тимот има 37 победи, 12 нерешени и два порази.
Ал-Хилал моментално е втор на табелата на Премиер лигата на Саудиска Арабија. Ал-Наср е лидер со 83 бода по 33 натпревари. Тимовите имаат уште еден натпревар за играње.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од дијаспората
-

Форум: Одржливоста како двигател на економскиот раст
-

Мисајловски: Армијата се модернизира
-

Охрид привлечна дестинација за туристите
-

Продолжува подобрувањето на патната инфраструктура во Прилеп со средства од Министерството за транспорт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
-

Филипче: Да ги задржиме младите дома
