Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина

Иран постигнал договор со Кина за правилата околу Ормускиот Tеснец и веќе почнал да пушта дел од кинеските танкери низ стратешкиот воден пат, објави полуофицијалната иранска агенција Фарс, повикувајќи се на информирани извори.
Според извештајот, одлуката била донесена по барање на кинескиот министер за надворешни работи и кинескиот амбасадор во Техеран. Иран се согласил да го олесни преминот на одреден број кинески бродови во рамки на стратешкото партнерство меѓу двете држави.
Веста доаѓа во момент кога претседателот на САД Доналд Трамп престојува во Кина, каде со Си Џинпинг разговарал за безбедноста на Ормускиот Теснец и за глобалниот енергетски транспорт.
Иран претходно сигнализираше дека неутрални бродови, особено кинески, би можеле да минуваат доколку има координација со иранските вооружени сили. Но, новиот договор се толкува како прв посериозен знак за можно олеснување на кризата во регионот.
Засега не е јасно колку широко ќе се применува договорот и дали ќе важи и за други држави. Но аналитичарите оценуваат дека потегот покажува колку силно Пекинг влијае врз Техеран во момент кога енергетските рути се под огромен геополитички притисок.
По нападите на САД и Израел на 28 февруари, Иран значително го ограничи поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец. Дополнителен удар беше и американската блокада на иранските пристаништа по примирјето на почетокот на април.
Низ Теснецот минува околу една петтина од светската нафта и природен гас, поради што секоја промена во режимот на пловидба веднаш влијае врз глобалните пазари и цените на енергенсите.
Податоците за следење бродови покажале дека кинески супертанкер со околу два милиони барели ирачка сурова нафта успеал да помине низ Ормускиот Теснец откако повеќе од два месеци бил блокиран во Персискиот Залив.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
