Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан

Главниот ирански преговарач и претседател на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, денеска изјави дека израелските напади во јужниот дел на Бејрут покажуваат дека САД немаат ниту волја, ниту капацитет да ги спроведат своите обврски.
„Со давањето зелено светло (на еврејската држава) не можете да добиете никакви отстапки … Ако немате ниту волја, ниту капацитет да ги исполните вашите обврски, невозможно е да се зборува за продолжување на вистинскиот пат кон мирот“, напиша Калибаф на X.
Израелската војска денеска соопшти дека почнала напади врз Бејрут и оти гаѓа инфраструктура на движењето Хезболах, кое има поддршка од Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД денеска со Иран ќе потпишат договор за прекин на војната на Блискиот Исток и оти веднаш по тоа се предвидува отворање на Ормуската Теснина.
Техеран не ја потврди информацијата ниту вчера, ниту денеска.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
