Иран го отфрли американскиот мировен предлог како „едностран и неправеден“

Иран го смета мировниот предлог на САД за „едностран и неправеден“, изјави денеска за Ројтерс висок ирански функционер, додавајќи дека може да се постигне напредок само доколку реалноста преовлада во Вашингтон.
Иран го пренесе својот став до САД преку посредникот Пакистан, а функционерот рече дека предлогот бил „детално разгледан синоќа од високи ирански функционери и претставник на врховниот лидер на Иран“.
„Накратко, предлогот сугерира дека Иран треба да се откаже од својата одбранбена способност во замена за нејасен план за укинување на санкциите“, рече иранскиот функционер, додавајќи дека предлогот не ги исполнува минималните барања.
Функционерот рече дека „сè уште нема договор за преговори и дека ниеден план за разговори не изгледа реален во оваа фаза“ и дека Турција и Пакистан се обидуваат да помогнат во „воспоставување заедничка основа меѓу Иран и САД и намалување на разликите“.
Белата куќа вчера соопшти дека САД ќе го погодат Иран „посилно од кога било досега“ доколку Техеран не го прифати мировниот предлог на САД.
Иран, исто така, посочи на сопствената способност за ескалација ако не се постигне прекин на огнот.
Тој се закани дека ќе преземе мерки за блокирање на уште еден клучен морски пат, Црвеното Море и теснецот Баб ал-Мандаб, што нуди алтернативен извозен пат за дел од нафтата од Персискиот Залив.
Американската администрација одби да открие детали за планот, но рече дека некои медиумски извештаи се неточни.
Израелски извори тврдат дека планот вклучува отстранување на иранските залихи од збогатен ураниум, запирање на иранската програма за збогатување ураниум, ограничување на иранската програма за балистички ракети и прекинување на иранската поддршка за регионалните сојузници како што е либанскиот Хезболах.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен 21-годишен скопјанец, при претрес пронајдени се 19 паковки со кокаин
-

Трамп: Иран сака договор, но се плаши од сопствениот народ тоа да го признае
-

Вчеравечер почувствуван земјотрес од 5 степени по Рихтер во југоисточните делови на Македонија
-

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон
-

Најмалку 24 лица загинаа откако автобус се урна во река додека се обидуваше да се качи на ферибот во Бангладеш
-

Без струја делови од Карпош и Кисела Вода
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
