Свет
23. јуни 2025 - 19:26

Иран кон двата најголеми градови во Катар испука 6 балистички ракети | ВИДЕО

Иранската армија потврди дека нападнале врз американската база во Катар Иранската државна телевизија го објави почетокот на иранската операција „Радосна вест за победа“ против американските сили во воздухопловната база Ал-Удеид во Катар.

Над главниот град на Катар се регистрирани експлозии.

Според американски медиуми, од Иран кон Катар биле испукани 6 балистички ракети. Тие се повикуваат на израелски дипломат. 

Експлозии се регистрирани и над Лусаил, вториот по големина град во Катар, северно од Доха.