Иран му одговори на Трамп со најава за напад врз постројките за десалинизација во регионот

Иранската армија денеска соопшти дека ќе ги нападне енергетската инфраструктура и постројките за десалинизација во регионот доколку американскиот претседател Доналд Трамп ги оствари своите закани за уништување на електроцентралите на Иран.
„Доколку непријателот ја нападне нафтената и енергетската инфраструктура на Иран, целта ќе биде целата енергетска, информатичка и инфраструктура за десалинизација што им припаѓа на САД и на режимот во регионот“, наведе Хатам ал-Анбија, портпарол на оперативната команда на војската, во соопштението објавено од новинската агенција Фарс.
Тој не прецизираше за кој „режим“ се осврнува. Иранската војска објави дека ќе ги нападне енергетската инфраструктура и постројките за десалинизација во регионот доколку Доналд Трамп ги оствари своите закани за уништување на термоцентралите на Иран.
Претходно, Доналд Трамп му даде на Иран 48 часа да ја отвори Ормуската Теснина за поморски сообраќај или ќе се соочи со уништување на иранските електрани. Заканата од САД доаѓа откако две ирански ракети погодија два града во јужен Израел синоќа, едната од нив во близина на нуклеарен истражувачки центар, при што беа повредени повеќе од 100 лица и беше предизвикана голема материјална штета.
MИА
Ново на Сител
-

ВО ЖИВО: Вонредна прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски
-

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник
-

Владата подготвува итни мерки: Со даночна интервенција ќе се спречи нов ценовен шок на горивата
-

Зеленски: Разговорите со американските претставници ќе продолжат денеска
-

Министрите на земјите од Г7 се подготвени да дејствуваат за заштита на глобалните испораки на енергенси
-

Велика Британија соопшти дека нејзините бази на Кипар нема да се користат за воени операции против Иран
-

Словенечката влада го ограничи точењето гориво на 50 литри за физички лица и 200 литри за правни лица
-

Николоски: Изградени 70 проценти од браната Отиња, источниот дел од државата ќе го добие првото рекреативно вештачко езеро
