Свет
8. April 2026 - 18:12

Иран најави комеморација за ајатолахот Хамнеи 40 дена по неговото убиство

Иран најави голема комеморација во Техеран по повод 40 дена од убиството на врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи.

Според прес-службата на исламските власти, масовното присуство на граѓаните на церемонијата в четврток ќе претставува „знак на лојалност кон Исламската револуција и почит кон убиениот лидер“.

Слична комеморација е планирана и за среда во шиитскиот свет град Ком, јужно од Техеран.

Хамнеи беше убиен на 28 февруари во американско-израелски воздушни напади врз неговата резиденција во главниот град.

Во меѓувреме, САД и Иран во текот на ноќта објавија договор за прекин на огнот по повеќе од пет недели војна.