Иран предупреди на масовен одговор по заканите на Трамп за напади врз критичната инфраструктура

Иран предупреди дека ќе возврати со масовни напади доколку САД ја нападнат критичната инфраструктура на земјата, откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно се закани со удари врз иранските енергетски и инфраструктурни објекти.
Во соопштението што денеска го пренесе иранската новинска агенција „Фарс“, Централниот штаб „Хатам ал-Анбија“ наведе дека секој таков напад ќе ја направи инфраструктурата на Блискиот Исток легитимна цел за иранските сили, јави ДПА.
Иран и претходно, во периоди на зголемени регионални тензии, изведуваше напади врз енергетски постројки и цивилна инфраструктура во соседните земји кои се сојузници на САД.
Во интервју за „Фокс њуз“ во вторникот вечерта, Трамп изјави дека американските сили ќе продолжат „многу силно“ да го напаѓаат Иран сè додека тој не оцени дека „е доста“.
– Следната недела за нив ќе биде навистина лоша, бидејќи на ред доаѓаат електраните. Потоа мостовите. Ќе ги уништиме сите нивни електрани и мостови, освен ако не седнат на преговарачка маса, рече американскиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
-

Пожарот кај селото Бајково и понатаму активен, но под контрола
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
