Иран: Разговорите со САД ќе започнат во петок, во Исламабад

Иранскиот Врховен совет за безбедност денеска објави дека разговорите со САД ќе започнат во петок, 10 април, во Исламабад, откако официјален Техеран преку посредништво на Пакистан достави предлог од 10 точки до Вашингтон, објавија иранските државни медиуми, додавајќи дека разговорите не сигнализираат крај на војната.
Иран објави дека разговорите, кои би можеле да траат до 15 дена и би можеле да се продолжат со договор, имаат за цел финализирање на деталите од предлогот, кој вклучува одредби за транзит низ Ормуската Теснина, олеснување на санкциите и повлекување на американските борбени сили од регионалните бази.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно денеска изјави дека се согласил да „ги суспендира бомбардирањата и нападите врз Иран за период од две недели“, под услов Техеран да се согласи целосно да ја отвори Ормуската Теснина.
Со тоа, Трамп се откажа од ултиматумот што завршуваше синоќа во 20 часот, по локално време во Вашингтон. Оваа одлука му даде на Иран повторно време да ја отвори Ормуската Теснина, клучна за глобалното снабдување со нафта, или да се соочи со уништување на „цела цивилизација“.
Трамп рече дека разговарал со лидерите на Пакистан, земјата која е главниот посредник меѓу Вашингтон и Техеран и која бара двонеделно примирје во војната со Иран.
„Врз основа на разговорите со премиерот Шехбаз Шариф и фелдмаршалот Асим Мунир од Пакистан, во кои тие ме замолија да ја ограничам деструктивната сила што беше испратена против Иран вечерва, и под услов Исламската Република Иран да се согласи ЦЕЛОСНО, ВЕДНАШ и БЕЗБЕДНО да ја ОТВОРИ Ормуската Теснина, се согласувам да ги прекинам бомбардирањата и нападите врз Иран за период од две недели“, напиша Трамп на социјалните медиуми.
„Ова ќе биде двостран прекин на огнот“, рече Трамп.
Официјален претставник на Белата куќа рече дека Иран, исто така, се согласил на привремено прекин на огнот, објави Си-Ен-Ен.
Трамп, исто така, рече дека САД добиле предлог од 10 точки од Иран и дека „верува дека тоа е одржлива основа за преговори“.
Пакистанскиот премиер Шариф синоќа побара од Трамп да го продолжи рокот што му го наметна на Иран за отворање на Ормуската Теснина за две недели.
„За да може дипломатијата да си ја заврши работата, искрено го молам претседателот Трамп да го продолжи рокот за две недели“, напиша Шариф во објава на Икс. Истовремено, тој ги замоли „иранските браќа“ да ја отворат Ормуската Теснина за соодветен период од две недели како гест на добра волја.
МИА
Ново на Сител
-

Светска банка: Раст од 2,9 проценти на македонската економија годинава, 3 проценти во 2027 и 2028
-

Војната во Иран и растот на цената на горивото ги загрозуваат плановите на европските авиокомпании за летната сезона
-

Путин на рускиот Совет за безбедност: Киев секој ден губи дел од својата територија, затоа се одлучи за тероризам
-

Претрес во Тетово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Амбасадорот Сулстром идната недела низ Македонија, билатералната соработка и партнерството во фокусот
-

Златен медал за македонските кадети ракометари на Светското училишно првенство
-

Сребро за македонските кадетки – поразени во финалето од Хрватска
-

Иран го повика СБ на ОН да го принуди Израел да ги запре нападите врз Либан
