Loading Video...
Свет
16. јуни 2025 - 12:13

Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда

Екипи за итни случаи и противпожарните возила утрово се на терен во Тел Авив распоредни по новите ракетни проектили од Иран 

Израел и Иран продолжија со своите напади, убивајќи и ранувајќи цивили и ја зголемија загриженоста меѓу светските лидери на состанокот на Г7 во Канада оваа недела дека најголемата битка меѓу двата непријатела може да доведе до поширок регионален конфликт.

Бројот на загинати во Иран во четиридневните израелски напади, извршени со декларирана цел да се уништат иранската нуклеарна и балистичка ракетна програма, достигна најмалку 224, а 90 отсто од жртвите се пријавени дека се цивили, изјави портпаролот на иранското Министерство за здравство. Според тамошните власти, досега се убиени најмалку 10 лица во Израел, меѓу кои и деца.

Иранските проектили не се упатени само кон Тел Авив, туку и кон Ерусалим и Петах Тиква, а сирените се слушаат во овие градови, па затоа населението треба да се евакуира. Во Хаифа е гаѓана и рафинеријата, но нема потврда дали е погодена иако пожар е забележа на тоа подрачје.

Околу 40 000 странци, повеќето туристи, моментално се „заглавени“ во Израел поради тековниот конфликт со Иран, соопшти израелското Министерство за туризам. Авиокомпаниите ги откажаа летовите, принудувајќи ги патниците да одлучат дали да чекаат да заврши конфликтот или да бараат алтернативни патишта низ соседните земји. Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал Ерлајнс“ соопшти дека ги откажува летовите до 23 јуни. Ограничувањато ќе важи сè додека безбедносната ситуација не се подобри.

Најлесниот излез е преку копнени премини во соседен Јордан, од каде што летовите сè уште тргнуваат од аеродромот во Аман.

Иран им соопштил на посредници од Оман и Катар дека Техеран нема да преговара за прекин на огнот со Израел додека траат израелските напади, изјавија извори директно запознаени со разговорите. Закани за продолжување на нападите стигнуваат од двете страни.