Иранската револуционерна гарда прогласи целосна борбена готовност и најави операции на сите фронтови

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека започнала нова воена операција против Израел, насочена кон стратешки воздухопловни бази, во услови на најнова ескалација на конфликтот меѓу двете земји.
Во официјалното соопштение се наведува дека воздухопловните сили на ИРГЦ ја започнале операцијата „Наср“, насочена кон објекти во стратешките воздухопловни бази „Тел Ноф“ и „Неватим“.
„Со помош на Семоќниот Бог, храбрите борци на Воздухопловните сили на ИРГЦ ја започнаа операцијата „Наср“, посветена на мачениците од 12-дневната војна“, се наведува во соопштението.
Од Техеран порачаа дека операцијата претставува директен одговор на ракетниот напад на, како што наведуваат, „ционистичкиот режим“ врз повеќе радарски локации во Иран.
„Сите борбени и оперативни единици на ИРГЦ се во целосна подготвеност за спроведување обемна операција за одвраќање на сите фронтови и имаат подготвени планови за различни непријателски сценарија“, се додава во соопштението.
Израелската армија потврди дека Иран лансирал втор бран ракети кон израелска територија, додека сирените за воздушна опасност се огласиле во повеќе делови од земјата.
Нападите уследија кратко време по израелските воздушни удари врз Иран, при што беа пријавени силни експлозии во Техеран, Табриз и Исфахан.
Според американски претставници, претседателот Доналд Трамп вчера телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и побарал од него да го одложи евентуалниот одговор кон Иран.
Трамп предупредил на ризикот од понатамошна ескалација и изразил уверување дека договорот со Иран е блиску, но израелската страна сепак одлучила да возврати по првичниот ирански напад.
Случувањата предизвикаа реакции и во американската политика. Демократскиот сенатор Крис Марфи упати остри критики кон американскиот претседател.
„Оваа војна веќе беше понижувачка за Трамп и за американската моќ воопшто. Ако Трамп најави дека ќе му каже на Нетанјаху да не возвраќа, а неколку часа подоцна Израел сепак возврати, тогаш понижувањето станува уште поголемо“, изјави Марфи.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
-

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска
-

Србија/Избори: Партиите се изјаснуваат дали ќе учествуваат на изборите или ќе ја поддржат Студентската листа
-

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата
