Ирански ИРГЦ извести за одмазднички напади врз базите на САД и Израел

Лансирани се десетици одмазднички удари насочени кон американски и израелски позиции како одговор на убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, соопшти денеска иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
Новинската агенција Тасним, полуофицијален медиум поврзан со ИРГЦ, јави дека биле таргетирани 27 американски бази во регионот, како и штабот на израелската војска и комплекс за оружје во Тел Авив.
Извештаите не можат да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Претходно денеска, ИРГЦ вети одмазда за смртта на Хамнеи.
„Убијците на Имамот на нацијата нема да избегаат од тешка, одлучна и одвраќачка казна“, соопшти елитната единица денеска во изјава пренесена од либанската милиција Хезболах.
Во Израел рано утрово се огласија повеќекратни ракетни тревоги. Според војската, воздушните сили биле ангажирани за да се спротивстават на заканата.
МИА
Ново на Сител
-

15-годишник силувал 17-годишно девојче откако претходно се договориле да се сретнат
-

Папата Лав XIV упати апел за запирање на спиралата на насилство во Иран
-

Сообраќајка во Битола, повредено 17-годишно момче
-

Возило излетало од автопатот Скопје-Штип, двајца повредени
-

Тешко повреден мотоциклист кој удрил во куче
-

Иранскиот претседател вели дека убиството на Хамнеи е „објава на војна против муслиманите“
-

Во нападите врз Техеран оштетена амбасадата на Србија | ФОТО
-

ДЗС со вежба го одбележува Светски ден на цивилната заштита
