Исланд најбезбедна, Македонија 51-ва најбезбедна држава во светот

Додека светот е потресен од војни, насилство и нестабилност, Институтот за економија и мир го објави најновиот Глобален индекс на мир (ГПИ). Станува збор за листа на најбезбените и најнебезбедните држави во светот за 2025 година.

На горниот дел од списокот, доминираат европските земји. Исланд е на врвот на листата, а од нашато поблиско соседство, Словенија е деветта, Хрватска е рангирана на 19. место, Бугарија - 29-та, Грција - 45., БиХ - 59. Косово - 63. Србија - 64-та итн. Извештајот опфаќа вкупно 163 земји. Меѓу првите 20 најбезбедни земји во светот се наоѓаат: Исланд, Република Ирска, Нов Зеланд, Австрија, Швајцарија, Сингапур, Португалија, Данска, Словенија, Финска, Чешка, Јапонија, Малезија, Холандија, Канада, Белгија, Унгарија, Австралија, Хрватска и Германија.
Општо земено, на листата има 74 искачувања, 87 падови и просечен општ пад на безбедноста во светот од 0,36 отсто.

Македонија се најде на 51. место, веднаш над Албанија и Обединетите Арапски Емирати коишто го делат 52. место. Нашата држава (27-ма меѓу европските држави) се наоѓа во делот „Високо безбедни земји“ од списокот.
Од светските сили: Велика Британија е 30-та, Франција - 74-та, САД - 128-ми, Иран - 142-ри, Израел - 155-ти, а Украина и Русија се на последните 162. и 163. место.
Ново на Сител
-

„Сувото одлагалиште“ ја заштитува средината - светски експерти го поздравуваат рударскиот метод кој е најавен и во проектот во Иловица
-

Технолошкиот парк Н99 потпиша договори за соработка со арапската компанија SAVVY
-

Петрушевски: За СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога не се работи за нивните кадри
-

Експерти: Силните ветришта во Скопје не се вообичаени, но нема да бидат изолиран случај
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен амбасадор
-

Скопје ден по невремето со ветер со јачина на ураган
-

Урагански ветар пустошеше по Истокот
-

Епидемијата во Гостивар стивнува велат од здравство, цистерни вода ќе се носат од други градови
