Исланд со осум голови разлика ѝ го нанесе првиот пораз на Шведска

Исланд ја совлада вечерва Шведска во Малме со 35-27 во рамки на второто коло од групата 2 во главната фаза, нанесувајќи му го првиот пораз на кодомаќинот на Европското ракометно првенство.
Исланд со триумфот се израмни на врвот на табелата со Шведска и Словенија со по четири бодови и остана во игра за место во полуфиналето.
Избраниците на Снори Гудјонсон одиграа брилијантен натпревар, особено во првото полувреме, кое го добија со шест голови разлика (18-12).
Во второто полувреме, Шведска се приближи на гол негатива (21-20, 23-22), но Исланѓаните потоа се вратија на +4 (26-22), а кога поведоа со осум голови разлика на три минути пред крајот (33-25), прашањето за победникот беше решено.
Исланд до победата го предводеше Виго Кристјансон со 11 голови од исто толку обиди, додека Виктор Гисли Халгримсон имаше 12 одбрани. Во шведскиот состав, најефикасни беа Албин Лагергрен со пет и Даниел Петерсон со четири голови.
Во првиот натпревар од второто коло во групата 2, Словенија ја победи Унгарија со 35-32, а вечерва ќе играат Швајцарија и Хрватска.
МИА
Ново на Сител
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
-

Со докази продолжи судењето за Димитровска
-

СДСМ со кривична за унгарски сопственици на ТВ Алфа
-

Универзитетите и Владата единствени за новото законско решение за високото образование
-

Специјализација за интерна и општа хирургија од новата академска година
-

Протест на културните работници
-

Петиција да се забранат социјалните мрежи за деца под 12 години во Македонија
