Македонија
20. April 2016 - 16:32

Истакнати спортисти бараат да престане вандализмот и уништувањето на спомениците

Истакнати спортисти повивикаа да запре хулиганството и уништувањето на спомениците. За ракометарите Наумче Мојсоски и Борко Ристовски “Порта Македонија” е симбол на најголемиот успех на македонскиот ракомет, а денес истата е осквернавена, уништена и исчкртана.

- Секој камен фрлен на македонската порта е фрлен врз нашите ракометари и врз сиот наш труд, солзи, пот, илјадици часови тренинг, сите голови кои ги дадовме, сите топки кои ги одбранивме. Секое сквернавење на Портата е сквернавење на нашата среќа и заедничка радост која ја споделувавме заедно со народот, сквернавење на нашите победи, на македонските победи. Стоп за хулиганите кои ја сквернават Портата Македонија. Да запре ова лудило и вандализам! Македонија е вечна, напиша Ристовски на Фејсбук.

„Стоп“ за уништувањето преку социјалните мрежи повика и Наумче Мојсоски, кој неодамна со многу емоции се прости од репрезентатривниот дрес.

-Портата Македонија ги обединува сите спортски успеси. Таму е релјефот на илинденците, партизаните, децата бегалци, таму е светото сонце по кое нас Македонците не препознаваат во светот. Сквернавењето, боењето, уништувањето на сето тоа значи газење на почита кон сите оние кои се значајни за оваа држава, крвта и потта на партиотите, трудот на спортистите, заедничките успеси. Стоп за уништувањето. Тоа не е мојата Македонија, која ја претставувам целата моја кариера, пишува Мојсоски на Фејсбук.

Боксерот Вели Мумин преку социјалните мрежи порача дека кризата треба да се реши со избори.

- Народот одлучува на избори. Доста беа Украински сценарија. На 5-ти Јуни ќе победи Македонија. Да ја решиме кризата со избори!, пишува Мумин на Фејсбук.

И каратистот Мартин Несторовски кој освојува медали претставувајки ја Македонија вчера го осуди сквернавењето на Порта Македонија, посочувајќи дека истата е симболот на победата на нашите спортисти. Осуда стигна и од историчари, уметници и бројни интелектуалци.