Историска мисија: Астронаути од Индија, Унгарија и Полска првпат на МВС

Првпат во историјата, астронаути од Индија, Унгарија и Полска пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (МВС), јави ДПА.
Капсулата „Crew Dragon“, во која се наоѓаа тројцата астронаути заедно со поранешната американска астронаутка Пеги Витсон, денеска се спои со МВС во 10:31 GMT, соопшти НАСА.
Лансирањето беше извршено од базата Кејп Канаверал во Флорида, со ракета „Falcon 9“ на компанијата „SpaceX“ на Илон Маск, 30 часа претходно.
Ова е четвртата комерцијална мисија на „Axiom Space“ од Хјустон, во соработка со НАСА и „SpaceX“. Додека Витсон има повеќекратно искуство во вселената, за тројцата астронаути ова е прв лет.
Индиецот Шубханшу Шукла е припадник на воздухопловните сили на Индија, додека Унгарецот Тибор Капу и Полјакот Славош Узнански-Вишњевски се инженери.
Претставници од овие земји и порано летале во вселената – преку руските мисии „Сојуз“ во 1970-тите и 1980-тите – но никогаш досега не биле дел од екипаж на МВС.
Мисијата „Ax-4“ ќе трае околу две недели, во текот на кои екипажот ќе спроведе научни експерименти. На МВС веќе престојуваат и астронаути од САД, Јапонија и Русија.
Според медиумите, секое место на ваков лет чини околу 80 милиони долари. Првата приватна мисија на „Axiom“ се одржа во 2022 година, а најдолгата – од речиси три недели – беше реализирана во 2024.
Ново на Сител
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
