Историската патека на Мис Стон станува дел од туристичката понуда во прекуграничниот регион
Патеката по која се движела американската мисионерка Мис Стон ќе прерасне во нова туристичка рута во општина Василево. Проектот е дел од прекугранична соработка со општина Кресна - Бугарија и вклучува развој на културно-историски и вински туризам, како и унапредување на инфраструктурата за четирисезонска туристичка понуда.
Рутата ,,По стапките на Мис Стон,, ќе биде брендирана и промовирана како културно-историска дестинација и ќе вклучува спомен соба посветена на нејзиниот престој во регионот. Истовремено, во бугарските општини Кресна и Струмјани ќе се развива винска рута, фокусирана на автохтоната сорта грозје Керацуда.
Овие активности се дел од заеднички прекуграничен проект вреден над 967 илјади евра, финансиран преку ИПА Програмата за прекугранична соработка.
Проектот предвидува и реконструкција на Домот на културата во Градошорци и на поранешниот пионерски камп на Пирин, кој ќе се пренамени во еко-центар.
,, Ќе изградиме модерен еко центар во месноста Синаница која се наоѓа на 15 километри од градот Кресна. Се работи за исклучително важен проект кој меѓу другото ќе може да се искорости за проекти од типот на зелени училишта, а децата од двете држави ќе имаат можност да се запознаат со посебностите на нашиот регион и Пирин планина, како и целиот биодиверзитетот . Еко центарот ќе биде целосно енергетски ефикасен со фотоволтаични системи и можност за производство на електрична енергија.,, вели Николај Ѓоргиев градоначалник на општина Кресна Република Бугарија.
За зголемување на видливоста и достапноста на новите дестинации, проектот предвидува и изработка на виртуелни тури, промотивни видеа, како и веб страници посветени на новокреираните туристички рути и понуди.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар