Истрага за злоупотреба на боледувања се води и во МВР - за Тошковски виновни се лекарите
Министерот за внатрешни работи прстот го впери кон лекарите кои издавале “лажни” боледувања на полициски службеници. Истрага за можна злоупотреба води и внатрешната контрола на МВР, откако вчера од Фондот за здравство посочија дека секое 5-то боледување во овој сектор е со не целосна документација.
За Тошковски фрапантно е секој месец 10 проценти од вработените во министерството да отсуствуваат од работа поради “наводна” болест. Тоа го увидел уште кога бил технички министер и затоа побарал да се проверат боледувањата.
-Таа истрага се уште не е завршена, рече Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.
Од Фондот пак укажаа дека најголема злоупотреба се прави со кратките и испрекинати боледувања од 7 и 14 дена за кои не е потребна комисиска проценка, а за нив овој сектор исплатата е 100 отсто на плата. Една од шемите на 10-тина вработени во МВР била и честото менување на матични лекари за да добијат боледување.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
